Малолетничка управувала со трактор и прегазила пешак

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Малолетничка која возела трактор, прегазила пешак во струмичко, информираат од Струмичката полиција.

Според МВР, синоќа во 21.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на локален пат од брана „Иловица“ кон село Иловица, струмичко, трактор без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од село Иловица, удрил во пешакот Н.К.(26) од село Иловица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини