Малолетник фотографирал туѓа картичка и пазарел со неа

од Nikola Popovski

Полицијата поднесе кривична пријава против малолетник поради крадење на туѓи податоци.

„На 22 јануари пријавениот во теретана во Кавадарци ја фотографирал дебитната картица на Т.Т.(31), при што извршил повеќе трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 4.739 денари“, објави МВР.

Со тоа, малолетникот сторил кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Слични содржини