Малолетник од Косово ѝ барал пари на 18-годишна тетовка за да не објави експлицитни фотографии

од Nikola Popovski
232 прегледи

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 20.30 часот, во тетовско Јажинце, во близина на граничниот премин, лишиле од слобода малолетник од Република Косово, извести СВР Тетово.

„Во 19 часот тој бил пријавен од 18-годишна жителка на тетовско село дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и дека ѝ се заканувал оти на социјалните мрежи ќе објави нејзини експлицитни фотографии и податоци ако не му плати одредена сума пари“, соопшти СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, на малолетникот од Косово ќе му бидат изготвени поднесоци.

Слични содржини