Малолетник се обидел да украде пакет од „Пошта“, фатен на дело

од Vladimir Zorba

На 24.08.2022 во 23.15 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Тој бил затекнат при обид да одземе предмет од управна зграда на Дирекција на „Пошта на Северна Македонија“.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини