Малолетници расчистувале „стари сметки“ со ножеви на Бит Пазар

од Nikola Popovski

На 04.10.2022 во 22:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје со повреда од остар предмет.

По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит Пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини