Денешниов ден ме потсети на моите училишни денови
?, а и на еден муабет со син ми, пред некое време.
![]()
Ме прашува: Мамо, зошто е важна политиката?
Му велам: затоа што ни влијае на секојдневниот живот.
Ме прашува: Е како?
Му велам: Еве на пример, да збориме за школото. (Нормално тоа му е најблиско.)
Од политиката зависи дали ќе полагаш екстерно во школо или нема да имаш; какви учителки ќе имаш; колку јас дома тебе ќе ти помагам, а колку ќе завршуваш во школо. Што значи колку слободно време ќе имаме за уживање.
Да појаснам, не се жалам од неговите учителки, напротив ги жалам и колку можам помагам.
Затоа што сите учителки и наставници во државава се претворени во робови на администрацијата. Наместо да одат на обуки за работа со децата, препознавање на таленти, стимулирање на тие таленти, итн., системот ги малтретираат да одат на обуки за администрирање, учење за тоа како да ги предаваат новите учебници, во кои има толку многу глупости да тоа не е ни за во игротека, а не па за во училиште. Дополнително, немаат никаква поддршка од системот, нема наставни помагала, оставени се самите да се снаоѓаат, кој колку може. И тажно е што тие што ни ја образуваат иднината не смеат да кренат глас и да се изборат за себе и децата!
Екстерното, што е најлошата мерка било кога воведена во образованието во државава, ај што е стрес за децата, стрес за родителите, примарно е механизам за притисок врз образовните работници!
Да се потсетиме:
Парламентарните избори се за да избереме политики, а не за да ги величаме ивичњаците на тротоарите. За тоа постојат локални избори.
Парламентарните избори се за да избереме колку ќе се вложува во образованието, а колку во чудовиштето Скопје 2014!
Многу е едноставно! Стефан на 10 години разбра! Од срце верувам дека ќе разберат и возрасните!
Фејсбук статус на Росана Алексовска