Манчестер Јунајтед подготвува 80 милиони фунти за Гризман

од desk3
89 прегледи

Раководството на премиерлигашот Манчестер Јунајтед подготвува понуда од 80 милиони евра за трансфер на Антоан Гризман во јануари кој би бил замена за Вејн Руни, пишува„Мирор“.

48962-grizman

Според англискиот весник Руни би требало кариерата да ја продолжи во Кина или САД, а потпретседателот и главен оперативен директор Ед Вудворд ќе се обиде да го донесе најдобриот играч од Европското првенство во Франција.

Проблем може да претставува фактот дека Гризман е задоволен од статусот во Атлетико Мадрид и има договор до 2021 година со сегашниот негов клуб.

Сепак, останува да се види дали богатата понуда од Јунајтед ќе биде доволна управата на шпанскиот тим да го пушти Гризман во Англија./MИА