Манчини го врати Балотели пред натпреварот со Македонија

од Nikola Popovski
299 прегледи

Селекторот на Италија Роберто Манчини го врати во репрезентацијата 31-годишниот Марио Балотели,  кого своевремено го тренираше во Интер и Манчестер Сити.

Манчини го објави списокот од 35 играчи за претстојниот собир на Азурите од 26 до 28 јануари, како дел од подготовките за натпреварот против Македонија на 24 март во Палермо во рамките на плејофот за Светското првенство во Катар 2022 година.

На таа листа посебно внимание привлече името на Марио Балотели. 31-годишниот фудбалер моментално настапува за Адана Демирспор во Турција. Овој клуб е едно од најпријатните изненадувања во првенството, најмногу благодарение на италијанскиот напаѓач. Адана моментално е четврта во турската Суперлига, а за тој успех придонесе Балотели со осум гола и три асистенции.

Балотели за „азурите“ одигра 36 натпревари и постигна 14 гола. Последен пат настапи на 7 септември 2018 година на мечот со Полска.

Во текот на својата богата кариера, Балотели играше за Лумецане, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша и Монца.

Слични содржини