Манекенката и нејзината девојка честитаа Валентајн со фотографија на која се бакнуваат

Манекенката Кара Делавињ и актерката Ешли Бенсон се во врска повеќе од една година, а сега си честитаа Валентајн една на друга на Инстаграм. Двете на своите профили ја објавиле истата фотографија на која се бакнуваат.

Освен поради Валентајн, фотографијата ја објавиле и по повод кампањата #KissCancerGoodbye (Истерај го ракот со бакнеж).

„Валентајн е денот кога објавуваме фотографии со саканата личност, пријателите или милениците. И вие можете да ја подигнете свеста и помогнете да се обезбеди иднина во која повеќе луѓе ќе го победат ракот“, напишале во своите објави.

Слични содржини