Манијак допирал малолетнички во паркот во Ѓорче

од Nikola Popovski

Возрасен човек се однесувал недолично и вознемирувал малолетнички во паркот во скопската населба Ѓорче Петров, извести МВР.

На 24.05.2023 околу 16.15 часот во полициска станица „Ѓорче Петров“ е пријавено дека околу 15.00 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, маж на возраст од околу 60 години недолично се однесувал кон три малолетнички од Скопје, ги допирал и им нудел алкохол.

Полицијата информира дека работи на расчистување на случајот.

Слични содржини