На 49. Годишно собрание на МАНУ ( Македонската академија на науките и уметностите), на кое беа усвоени Извештајот за работата во 2015 и Програмата за работа во 2016, претседателот на МАНУ, академик Таки Фити рече дека во оваа година се предложени 107 научноистражувачки  и уметнички проекти на Академијата од разни области. од нив 65 се почнати во минатата година, а 42 ќе почнат да се реализираат оваа година.

manu-akademija-na-nauki

МАНУ ќе ја интензивира соработката со други академии, особено на соседните земји, со повеќе активности, главно во Охрид, ќе ја одбележи 1100-годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски и ќе почне да се подготвува за одбележување 50 години од своето постоење во 2017./МИА

Слични содржини