МАПА: Еве кои маркети и аптеки ќе работат за време на празничниот карантин

од Берта Китинска
477 прегледи

Цела Македонија го почна својот прв 85-часовен полициски час. До вторник рано изутрина не е дозволено напуштање на домот со одредени исклучоци.

Општинските кризни штабови ќе определат маркети од каде ќе се обезбедуваат само најнеопходните намирници, а економските оператори кои се регистрирани да вршат достава на храна преку он-лајн порачки, непречено да ја извршуваат својата работа, во деновите сабота и недела, кога на сила ќе целосна забрана за движење.

-За оваа цел, се задолжуваат Општинските кризни штабови, во соработка со Министерството за внатрешни работи да го организира движењето на лицата волонтери што ќе ги доставуваат најнеопходните намирници до домовите на граѓаните. Економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно забраните за движење на територијата на Република Северна Македонија и непречено да го организираат работниот процес.

За време на полицискиот час Државниот пазарен инспекторат во секој град има дежурни екипи кои ќе вршат проверка на маркети кои работат и дали имаат соодветни дозволи.Освен маркети кои се определени од Кризниот штаб во градовите, другите немаат право да работат и доколку бидат затечени дека работат ќе бидат санкционирани, велат од државниот пазарен инспекторат

Град Скопје во соработка со GDI Skopje изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.

На мапата ќе ги најдете сите дејности што ви стојат на располагање во вашата општина, и во согласност со вашите потреби може да направите онлајн или телефонска нарачка за достава. Исто така, важно е да се напомене дека оваа мапа постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности.Мапата погледнете ја ОВДЕ.

 

Слични содржини