Најмногу активни случаи на болни од КОВИД- 19 има во Скопје, по што следуваат Тетово, Штип, Куманово и Велес.
Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека во земјава моментално има вкупно 606 активни случаи. Од нив, 298 се во Скопје, 83 во Тетово, 68 во Штип, 55 во Куманово и 27 во Велес.
Од општините во Скопје и скопско најмногу активни случаи се евидентирани во Чаир, Сарај и Бутел. Во Чаир има 73 случаи, во Сарај 44, во Бутел 37, а по триесетина случаи или поточно 33 има и во Аеродром и 31 случај во Гази Баба.
Во Студеничани и Карпош, според последните податоци на ИЈЗ, регистрирани се 13 активни случаи, во Кисела Вода 11, во Илинден, Шуто Оризари и Ѓорче Петров 9, во Центар 8, во Петровец 4 и во Арачиново и Сопиште по два активни случаја.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 327,3 заболени на 100.000 жители, Прилеп (222,4/100.000), Велес (196,2/100.000), Штип (195,5/100.000), Дебар (183,8/100.000), Скопје (141,8/100.000), Струга (123,8/100.000) и Тетово (108,6/100.000), додека инциденца со над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Кочани, Пехчево и Неготино (Табела 2, Картограм 1).
Ресен уште на почетокот на епидемијата остана град во кој нема регистрирано ниту еден случај позитивен на корона вирусот.