Марјан Доказ пренесен во болница, имал тегоби

од Vladimir Zorba

Марјан Стаменковски, сопственик на „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска е пренесен во болница, дознава „Макфакс“.

Откако била повикана Брза помош, која констатирала дека состојбата не може да се санира на лице место, посочиле дека Стаменковски треба да биде однесен во болница.

Директорот на затвор „Скопје“, Филип Андов, за „Макфакс“ посочува дека Стаменковски е однесен во Клинички центар „Мајка Тереза“.

„Откако притвореникот се пожалил на тегоби, согласно протоколот, од затворот била повикана Брза помош. Повеќе информации не можам да споделам во моментов“, посочува Андов.

Слични содржини