Скандал изби во семејството на Диего Марадона.
Легендата на фудбалот не зборува со своите ќерки, бидејќи го игнорираа за 56-тиот роденден во Дубаи.
Тој им беше купил авионски билети, но тие не отидоа, поради што тој не успеа да го види и внукот Бенхамин.

Двете сестри не сакаат да гледаат нивниот татко, бидејќи Дон Диего го призна вонбрачниот син Диего Синагра.
Џанини и Далма се бесни на својот татко и неговата пријателка Роси Оливија, која има улога во одлуката на Аргентинецот.
30-годишниот Диего Синагра во моментов игра за аматерскиот Савин.
Тој е син на Марадона од вонбрачна врска со Италијанката Кристијан Синагра од периодот кога играше во Наполи.
“Очекував барем да ме поздрават за роденденот, но ништо не добив. Тоа не е односот што еден татко и дедо го очекува. Џанини дури и ми го затвори телефонот, а со Далма се скаравме “, откри поранешниот фудбалер.
Се смета дека папата Фрањо лично препорачал на Марадона конечно да го признае нелегалниот син.