Марго Роби руши рекорди: По четврти пат се најде на врвот на листата на најубави и највлијателни жени

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Марго Роби во последно време станува се попопуларна, особено по главната улога во хит филмот „Барби“.

Марго е родена на 2 јули 1990 година во Долби, Австралија, а од 2008 до 2011 година глумела во популарната австралиска серија „Соседи“. После тоа, таа се преселила во САД, каде што добила улоги во продукциите „Пан Ам“, „Време за љубов“, „Облогот на векот“, „Легендата за Тарзан“, „Одредот на отпишаните“, „Јас, Тоња“, „Си беше еднаш во Холивуд“, „Вавилон“, „Волкот од Волстрит“ и други.

Неколку пати беше прогласувана за една од најубавите жени на светот, а сега уште еднаш ја освои таа титула.

Како што пренесува „News.com.au“, магазинот „MAXIM Australia“ ја прогласил актерката за највлијателна и најуспешна жена и со тоа таа се најде на врвот на листата од 100 женски имиња во оваа категорија.

Интересно е што Марго го сруши рекордот со тоа што по четврти пат се најде на врвот на оваа листа, а воедно е и единствената која успеала да го направи тоа две години по ред.

Слични содржини