Марго Роби воодушеви во невообичаено издание

Една од најубавите жени на светот, актерката Марго Роби, воодушевува со секое свое појавување во јавноста.

Откако на премиерата на филмот Bombshell ги воодушеви сите во бајковитиот фустан, сега тоа повторно и успеа во невообичаено, но беспрекорно божикно издание.

И додека во ова доба од годината во модата доминираат светки и црвена и зелена бога, Марго инспирација за својот стајлинг најде во пенливите пијалоци.

https://www.instagram.com/p/B6YFANTnEW-/

Актерката за гостувањето во емисијата на Џими Кемел облече сјаен комплет токму во таа боја во кој изгледаше спектакуларно. Блузата со нагласени рамена и пуф ракави, два тренда кои се вратија од осумдесетите, ја вовлекла во мини сукната од истата ткенина и боја, а стајлингот го надополнила со едноставни црни сандали со висока пета.

Без никакви дополнителни додатоци и накит, Марго, во овој комплет изгледаше свечено и многу шик.

Слични содржини