Штипјани ќе сакаат да им успејат овие избори затоа што знаат дека им е важно за градот, вели во интервју за телевизија Стар министерот за правда Бојан Маричиќ .
„Штип е центарот на источна Македонија, јас и приватно сум врзан со овој град. Имаме одличен кандидат на СДСМ, човекот кој што е симбол на успешна приказна. Можел да работи во Германија и во „Жан Митрев“, но избрал да остане тука. Како што се грижи за пациентите, така Николов ќе се грижи и за граѓаните. Наместо да бираме помеѓу што поголем број добри кандидати, главната опозициска партија не учевствува само затоа што знае дека нема да победи. Штипјани ќе сакаат да им успејат овие избори затоа што знаат дека им е важно за градот. Навистина има голема разлика во последните години откако Бочварски дојде на позицијата. Ќе има и во иднина големи проекти кои вредат за мотив на гласачите да излезат. Сите кандидати може да понудат нешто, но Николов може навистина да го чува градот во сигурни раце.“- изјави министерот за правда Бојан Маричиќ зборувајќи за локалните избори во Штип.
Тој дополни дека ако се бојкотираат избори, се бојкотира попис, тогаш тоа е злоупотреба на демократијата, а не користење на демократијата.
„Малку е да го релаксираме изборниот процес од големи политички тензии. До 2006-та, еве и до 2008-ма, малку пограѓански и понормално се одвиваа изборните процеси. Потоа, до 2016-та, 2017-та, се некако тензични избори имавме. ВМРО ДПМНЕ го користеше секој изборен циклус за кревање тензии. Имаме сега со СДСМ последни неколку изборни циклуси кои се одвиваат во демократска атмосфера, без сериозни забелешки. Затоа е погрешно што ВМРО ДПМНЕ не излегува на избори. Мислам на следните локални избори да одиме отворени листи за советници на општините. Тоа ќе ги мотивира граѓаните повеќе да излезат на избори. Изборниот законик се носи со консензус, ние ќе ја стартуваме групата за Изборниот законик и ќе почнеме со работа и до пролет да имаме измени