Вицепремиерот за европските прашања, Бојан Маричиќ информира дека Северна Македонија се приклучува кон платформата на ЕУ за заедничко купување гас, течен природен гас и хидроген, со цел колективно настапување на пазарот и обезбедување пониска цена за гас.
-Преку сојузништво, соработка и солидарност ги штитиме националните и европските интереси. Упатувам благодарност до Европскиот Совет што во овие моменти на глобална енергетска и воена криза донесе одлука и нашата земја да биде дел од оваа економска мерка, со која стануваме дел од европскиот пазарен систем за обезбедување гас по поволни услови, објави Маричиќ.
По еднодневна дебата за изнаоѓање заеднички пристап за спречување на зголемените цени на енергијата, лидерите на ЕУ се согласија да работат на доброволно заедничко купување гас и водород за да ја намалат цената во преговорите и рекоа дека платформата за купување на ЕУ ќе биде отворена за Западен Балкан.
– Главна причина за високите цени на струјата се високите цени на бензинот. Енергетскиот микс во европските земји е различен, но ни треба заеднички европски пристап. Дури 75 отсто од светскиот пазар на гасоводи е поврзан со европскиот пазар и затоа имаме огромна куповна моќ. Затоа ќе ја искористиме заедничката позиција во преговорите наместо меѓусебно да се натпреваруваме и да ги зголемуваме цените, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.