Маричиќ: До 2028 можеме да ги затвориме поглавјата од преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski

Во Тирана уште еднаш се потврди дека забрзаното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е еднакво важно и за Брисел и за нашиот регион, изјави попладнево вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој учествуваше на лидерскиот самит на Западен Балкан за Планот за раст.

Маричиќ информира дека договорени се неколку конкретни мерки, меѓу кои и зелените ленти на граничните премини за возила кои носат производи од Западен Балкан. Исто така договорено е учество во единствената платежна зона на ЕУ позната како СЕПА, што значи олеснето и поефтино плаќање на производи и услуги меѓу ЕУ и Западен Балкан.  Oва е особено важно за нашата дијаспора која редовно праќа средства дома

Следна мерка е WIFI за Западен Балкан, кој ќе овозможи бесплатен Интернет пристап за граѓаните во јавните простори и објекти во 500 општини од целиот регион на Западен Балкан.

-Оваа обврска ја превземавме исто така  до крајот на годинава, со финансиска помош од ЕУ, наведе вицепремиерот.

Маричиќ додаде дека мерката за пристап до Европската мрежа на центри за дигитални иновации, ќе овозможи забрзана дигитална транзиција на малите и средни претпријатија, стартапи и јавниот сектор во земјите од Западен Балкан.

Последната мерка е вклучувањето на нашата фармацевтска индустрија и граѓанското општество во Системот за обезбедување на неопходни лекови на Европската Унија.

Вицепремиерот исто така истакна дека до 2028 година, државата може да ги затвори поглавјата од преговорите, откако прво ќе ги заврши уставните измени.

-А тоа ќе значи наше полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година. МК во ЕУ до 2030 – тоа е реално и остварливо, дециден е функционерот.

Слични содржини