Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра новиот состав на Државната изборна комисија. Од 92 присутни пратеници, 83 гласаа „ЗА“ екс-министерот Бојан Маричиќ да стане нов претседател на ДИК.
Покрај него, избрани се и Абдуш Демири за потпретседател на ДИК, а за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко, Ангелче Ристов и Дитмире Шеху.
За овие функции беа пријавени 16 кандидати, повеќето правници, но и инженер по електротехника и дефектолог.
Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.