Маричиќ очекува реприза од 2019 година и победа на Пендаровски во втор круг на претседателски избори

од Vladimir Zorba
291 прегледи

„Очекуваме реприза од 2019 година, и победа на Пендаровски во втор круг на претседателски избори. Кандидатурата на Силјановска не изненади, затоа што кандидат кој еднаш веќе загубил од истиот противник, не би било соодветно да се кандидира , меѓутоа тоа е работа на ВМРО-ДПМНЕ. Кампањата ќе покаже дека Пендаровски е подобар кандидат. Тој навистина покажа дека е стабилен претседател дека ја претставува државата достојно не ја брука функцијата и стратешки е определен како што треба, и за членство во НАТО и за членството во ЕУ, еднаков е према сите граѓани, политички партии, ние не секогаш сме се согласувале со него за сите прашања, но она што сакав да го кажам токму за тоа сакавме тој да биде повторно. Меѓу тоа ДУИ по објавувањето на кандидатурата на Г. Таравари смета дека неминовно треба да истакнат кандидат и тоа е право на секоја партија и не треба тоа да правиме никаква тема, бидејќи секоја партија има право да кандидира свои кандидат за претседател,” рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Во врска, со анализите на ВМРО-ДПМНЕ дека резултати меѓу Пендаровски и Силјановска Давкова би била 100.000 гласови, Маричиќ ги посочи како нереални таквите очекувања.

„Ќе имаме една јасна двојба помеѓу два кандидати во вториот круг каде што ќе бидат Пендаровски и Силјановска, веќе другите нема да имаат можност да бидат на ливчето за претседателските избори и за тоа што тогаш треба да се определат сите оние, сите граѓани и сите политички субјекти дали се за еден кандидат како Пендаровски кој што знаеме каде ќе ја води државата, кој што има еден стабилен правец, има јасна политика, и влева доверба кај секој граѓанин, наспроти Силјановска која што речиси нема одговорно ниту едно прашање важно за граѓаните и која што може да биде само една реприза на Ѓорги Иванов од пред 5 години,”рече Маричиќ.

Слични содржини