„Вчерашниот ден, многу не мотивираше. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои беа фокусирани само на собирање на потписи,ние имавме три активности паралелно. Собиравме потписи за нашиот кандидат Пендаровски, во исто време организиравме настан со над 6000 присутни во Кавадарци, осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ и имавме конгрес со над 700 делегати или вкупно 1000 луѓе. И тоа покажа една организациска супериорност на СДСМ во однос на било која друга партија. Знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ правеше конгрес во различни денови, настани во различни денови. Вчера беа фокусирани само на потписите, додека ние правевме три масовни процеси во исти ден. Вчера паднаа во вода лажните анкети на ВМРО-ДПМНЕ дека тие воделе 2:1, 100.000 разлика итн, вчера беше индикатор на партиската кондиција,“ рече првиот вицепремиер за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата 360 степени на МРТ 1, во врска со фалбите на ВМРО-ДПМНЕ дека тие собрале многу повеќе потписи за нивната кандидатка за претседател на државата.
За тоа каков резултат очекува од првиот круг на избори, и изјавата на Мицковски дека Силјановска ќе има повеќе од 100.000 гласови од Пендаровски, Маричиќ рече дека тоа е нереално и дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш игра со бројките 61, никогаш не добиле 61 пртеник иако на сите избори го барале тоа. Како и дека и кога биле најсилни и имале 2/3 со ДУИ во Собранието во 2008 година немале 61 пратеник.
„Очекувам тесна изборна трка со предност на Пендаровски,“ рече Маричиќ.
Тој го оцени и како крајно нереално и наместо Стево Пендаровски да влезе во втор круг Максим Димитриевски.
„Оние што сакаат да подржат социјал-демократски кандидат и кој се грижи за европските вредности, за потребите на граѓаните и за националниот интерес на Северна Македонија треба да го подржи Пендаровски“, вели тој.