Марк Цукерберг и Присила Чен вредат 74 милијарди долари, а живеат сосема нормално

од desk2
98 прегледи

Марк Цукерберг, 33-годишниот основач и извршен директор на Facebook, поседува богатство во вредност од 74 милијарди долари, што го прави петти најбогат човек на светот. Но, покрај богатството, се чини дека Цукерберг нема преголема желба за автомобили, облека и патувања, па со сопругата Присила Чен и нивните две ќерки водат сосема нормален живот.

Заедно со Присила основаа фондации и многу пари даваат во добротворни цели.

Кога станува збор за облека, Марк е препознатлив по кежуал верзијата и најчесто е во сиви маички кои се дизајнирани од луксузни брендови и чинат вистинско богатство.

Познат е по тоа дека вози релативно евтини автомобили. Виде е во Фолксваген и во Хонда, а секоја од нив чини 30.000 долари или помалку. Покрај двете куќи, Марк и Присила поседуваат и две плантажи на островот Кауаи кои ги купиле затоа што сакале да ја зачуваат природната убавина на островот.

Се чини дека Цукерберг не патува многу од лично задоволство, но оваа година реши да ја посети секоја држава во САД.

Марк Цукерберг покрај Бил Гејтс, Ворен Бафет и уште 100 милијардери е дел од организацијата Giving Pledge чии членови ветија дека поголемиот дел од своето богатство ќе го дадат во филантропски цели, а Марк рече дека планира да продаде 99 отсто од акциите во Facebook за време на својот живот.