Марк Волберг е најбогат меѓу актерите годинава

од Vladimir Zorba

Американецот Maрк Волберг го освои првото место на листата на највисокоплатените актери за годината, објавена од списанието Forbes, пренесе ТАСС.

За една година холивудскиот идол од екраните заработил 68 милиони долари пред плаќањето на даноците.

Во првата петорка, заедно со Волберг, влегуваат Двејн Џонсон-Карпата (65 милиони), Вин Дизел (54 милиони.).

Исто така со престижни позиции во десетката се и Адам Сандлер со 50,5 милиони., Џеки Чан со 49 милиони., Роберт Дауни Џуниор со 48 милиони, Том Круз со 43 милиони и три боливудски актери.

Претходно Forbes ја објави и листата на високоплатените актерки за годината. Таа беше предводена од Ема Стоун, која учествуваше во мјузиклот “La La Land”.

На сметките примила 26 милиони долари пред плаќањето на даноците.

Слични содржини