Маркоска: Сите пратеници да го поддржат Ребалансот кој обезбедува заштеда од 200 милиони евра и повиоски плати

од Берта Китинска
158 прегледи

Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на Буџетот за 2022 година.Овој ребаланс е важен затоа што со него во време на најголема светска економска криза, се прават сериозни кратења во делот на расходите а средствата се пренаменуваат за мерки за помош на граѓаните и компаниите, вели Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Таа напоменува дека од заштедените 200 милиони евра ќе се искористи за засилена заштита на животниот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории, понатаму, за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за повеќе средства кон земјоделците со цел зголемено производство на храна.

-Очекуваме согласно роковите, ребалансот да се најде пред пратениците на матичната комисија, а потоа и на пленарна седница.Ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи да се вклучат конструктивно во носењето на овој ребаланс затоа што битно е помошта кон граѓаните да биде постојана, вели Маркоска.