Марс влегува во Овен: Време е за нови почетоци, но доаѓа и период за исполнување на желбите

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Се вели дека планетата Марс е планета на страста и акцијата, но ја претставува и нашата енергија, физичка сила и иницијатива. Нејзиното природно „живеалиште“ е во Овен, а на 30-ти април ќе биде во овој хороскопски знак и ќе биде таму до 8-ми јуни.

Марс е владетел на Овенот, па кога ќе се најде во овој знак на Зодијакот, на Овенот ќе му даде голема енергија.

Еве што, според „Cafe astrology“, може да очекувате во наредниот период.

Марс се чувствува како дома во Овен, кој е еден од знаците со кои владее, па неговата моќ е засилена.

Нашата енергија е спонтана, свртена кон иднината, па дури и смела под ова влијание. Натпреварувачкиот дух е добро развиен, активни сме и самоуверени.

Нашите постапки се директни, инстинктивно го наоѓаме најбрзиот начин да стигнеме од точката А до точката Б. Одиме по директен пат до нашите цели, самоуверено и без срам.

Сепак, истото важи и за изразување на лутина. Сакаме да бидеме први и самите да ги правиме работите. Сакаме независност и иницијатива.

Не сакаме да гледаме наназад или да размислуваме премногу, само се грижиме за тоа што можеме да постигнеме во моментов.

Подготвени сме да ги следиме нашите желби со доверба.

Следува период на голема самодоверба, зголемен нагон и моќни почетоци.

Ако има нешто што сте сакале да започнете, но поради некоја причина не сте го направиле – сега е вистинското време да го направите тоа.

Слични содржини