Навивачите на Олимпик Марсеј по вчерашното финале во Лига Европа помеѓу францускиот тим и Атлетико Мадрид (0:3) на улиците на Лион и во Марсеј предизвикуваа немири во кои мораше да се вмеша и полицијата.

Мета на најголемите немири беше градот Марсеј, а француските медиуми известуваат за судирот помеѓу навивачите и полицијата во кои бил искористен и солзавец, додека навивачите се послужиле со факли, палки и останати „помагала“ кои им биле на дофат на рака.
Најголемиот дел од навивачите кои излегоа на улиците беа хулигани кои не успеале да најдат карти за финалето и да отпатуваат во Лион, па гневот кој им го нанесе поразот во финалето го искажуваат на улиците на нивниот град, кои по само неколку часа изгледаа како воена зона.

На поголемиот дел од сликите можат да се видат навивачите на Олимпик Марсеј како се пресметуваат меѓу себе, влегуваат во улични борби со полицијата и уништуваат сѐ што ќе им застане на патот. Многу запалени автомобили, скршени прозорци и уништени објекти можеа да се видат на улиците на Марсеј, но ништо подобро не беше ниту во Лион.
Имено, толпа од навивачи на Олимпик Марсеј веднаш по завршувањето на финалето во Лион пробале да се пресметаат со навивачи на Атлетико Мадрид, пред стадионот Групама.
https://twitter.com/PorteTonAme/status/997001793791037441
Голем дел од навивачите излегоа повредени од пресметките со полицијата, а од министерството за внатрешни работи на Франција објавија дека вечерта се случиле 33 апсења ширум државата. Од нив, 21 навивач на Марсеј беа уапсени пред стадионот Групама, со обвиненија дека предизвикувале насилство и го загрозувале јавниот ред и мир.