Марсело даде гол и клекна во поддршка на протестите против расизмот ширум светот

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид го совлада Еибар со 3:1 во првиот натпревар од продолжението на Ла Лига во 28-то коло и задржа чекор со Барселона.

Сè беше решено на полувремето затоа што Реал, кој играше на заменскиот стадион, водеше со 3-0. Во 4-тата минута Крос отвори со убав гол, Рамос зголеми на 2:0 во 30-та минута, а седум минути подоцна, Марсело го постигна третиот гол.

Бразилецот го прослави голот со клекнување и кревање тупаница високо во знак на протест за расизмот, тема што е актуелна во светот по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од бел полицаец, што предизвика лавина протести низ целиот свет.

Еибар го намали водството во 60-та минута, но немаше сили за сензационален пресврт.

Слични содржини