Мартин Протоѓер дошол во суд да се пријави

од Vladimir Zorba
111 прегледи

   Мартин Протоѓер поранешниот шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше во Кривичниот суд за да се пријави согласно мерките кои судот му ги определи – одземање на патната исправа и редовно јавување во судот секој работен петок во месецот, објави 24ТВ

Овие мерки му беа определени на Протоѓер во јуни од страна на Кривичниот суд иако Специјалното јавно обвинителство бараше мерка притвор. Протоѓер од Апелација си го бараше пасошот назад бидејќи морал да патува поради лекување. На јавната седница во Апелција тој не присуствуваше, но неговите бранители истакнаа дека тој го прекинал болничкото лекување во Будимпешта и се вратил веднаш во Македонија откако му биле определени мерките на претпазливост.

Протоѓер заедно со високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ се обвинети во предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности. ова обвинение на СЈО се уште е во советот за оценка на обвинителен акт кој треба да одлучи дали ќе го одбри обвинението, дали ќе го врати на доработка или ќе го отфрли.

Извор Телевизја 24