Најмалку 27 лица се застрелани во Чикаго во викендите за Божиќ. Убиствата се зголемени за повеќе од 50% од минатата година. Седум од жртвите се застрелани во последните 48 часа, објавија од полицијата во Чикаго, цитирани од агенциите.

Портпаролот на полицијата соопшти за “Њујорк тајмс” дека вкупниот број на убиствата оваа година е 745, и има 56% раст од минатата година, кога  во исто време биле 476.

При последните пукотници  загина 18-годишно момче, кое е застрелано неколку пати во вратот и грбот, додека возело. Тоа е пренесен во болница, каде што само ја констатирале неговата смрт. Нема приведени.
Минатата година во викендите за Божиќ беа застрелани 30 лица, од кои шестмина загинаа.

Оваа година е прва од речиси 20, во која се регистрирани над 700 убиства во градот, информира “The Chicago Tribune”.