Илон Маск го доби своето 14-то дете, овој пат со извршната директорка на Neuralink, Шивон Зилис. Таа ја сподели оваа вест на Х.
„Разговарав со Илон и по прекрасниот роденден на Аркадија, решивме дека е најдобро веднаш да објавиме дека имаме прекрасен син Шелдон Ликургус. Тој е голем и има златно срце. Многу го сакаме“, напиша таа.
Директорот на „X“ одговори на нејзиниот твит со емоџи во облик на срце. Во споменатата објава таа го откри и името на нивното трето дете – Аркадија. Таа е родена во 2024 година. Двајцата имаат и близнаци, Страјдер и Азур, кои се родени во 2021 година.
Маск имаше шест деца со својата прва сопруга Џастин Вилсон – Невада, која почина кратко по раѓањето, близнаците Грифин и Вивијан и синовите Каи, Саксон и Демијан.
Со пејачката Грајмс, тој ги има синовите X-a Æ A-Xii, попознат како X, Techna Mechanicus и ќерката Exa Dark Sideræl, чиј прекар е Y.
Инфлуенсерката Ешли Ст.Клер неодамна објави дека добиле син.