Американскиот милијардер Елон Маск денеска изјави дека нема да донира пари за кампањата на кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, како и за кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Само да бидам многу јасен, нема да донирам пари на ниту еден кандидат за претседател на САД“, напиша Маск на својот профил на мрежата X.
За време на викендот Маск се сретна со поранешниот американски претседател, кој од него побарал средства за неговата кампања, пренесува Ројтерс.