Маск се откажа од влегувањето во Бордот на директори на Twitter

од Vladimir Zorba

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, кој неодамна купи голем удел во Twitter, одлучи да не се приклучи на Бордот на директори на компанијата, објави генералниот директор на таа социјална мрежа, Параг Агравал.

„Именувањето на Елон во управниот одбор требаше да биде официјализирано на 9 април, но тој истото утро рече дека повеќе нема намера да се приклучува на Бордот. Верувам дека тоа е најдоброто. Го цениме и секогаш ќе го цениме придонесот на нашите акционери, без разлика дали се во нашиот Борд или не. Елон е нашиот најголем акционер и ние ќе останеме отворени за неговиот придонес“, напиша Агравал во твитот во неделата вечерта, пренесен од CNN.

Портпаролот на Twitter потврди дека Маск одлучил да не се приклучи на Бордот на директори.

Слични содржини