Маск се сретна со италијанската премиерка Мелони

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вчера се сретна со извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ Елон Маск, соопштија извори, а следната станица на „европската турнеја“ на Маск е Франција. Покрај регулативата, разговорите меѓу Мелони и Маск биле фокусираа и на нискиот наталитет во Италија и ризиците од употребата на вештачката интелигенција, рече изворот, без да даде детали.

Според објавата на Твитер, италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, разговарал со шефот на „Тесла“ за автомобилскиот и воздухопловниот сектор.

„Подготвени сме да работиме заедно на предизвиците на нашето време, како што е сајбер безбедноста“, напиша Тајани на Твитер.

Денеска средба со Макрон

Друг претставник изјави дека средбата со италијанската премиерка е составен дел од „европската турнеја“ на Маск, додавајќи дека денеска е „закажана средба со францускиот претседател Емануел Макрон“.

Макрон ќе се сретне со Маск по втор пат за нешто повеќе од еден месец, велејќи дека сака да ја промовира Франција како можна локација за втора фабрика на „Тесла“ во Европа. Тема на разговор треба да биде и регулирањето на технологијата.

Портпаролот на „Тесла“ не одговори веднаш на барањето да ги коментира информациите.

Слични содржини