Маските за кои мислевме дека се најбезбедни всушност воопшто не се ефикасни

од Aleksandar Petrovski
189 прегледи

Во одредени делови на Америка започна да се применува забрана за употреба на заштитни маски кои имаат вентили.

Иако овие еднонасочни вентили се дизајнирани да обезбедат поголема удобност со тоа што ќе овозможат воздухот да излезе од маската кога корисниците издишуваат, оваа одлика всушност овозможува вирусот да се шири, пренесува USA Today.

– Полесно е да се дише преку вентилот затоа што ослободува топлина и влага – вели Каи Сингатртл, лекар кој работи во превенција и контрола на инфекции во познатата клиника Мајо.

Но, покрај фактот дека луѓето можат да издишат топлина и влага преку оваа маска, Сингбартл вели дека откриваат и вирусни капки и честички.
Портпаролот на округот Марикопа во Аризона, кој прецизираше дека маските со вентил не ги исполнуваат барањата на округот, посочува дека забраната се заснова врз препораката на Центарот за контрола и превенција на болести, која е против употребата на овие модели на заштита.

Портпаролот напиша во пораката дека јавното здравство во округот Марикопа „не е агенција за спроведување на законот“ и ги советува сите луѓе да носат маски со најмалку два слоја.

За потсетување, Секторот за јавно здравје на Сан Франциско ги потсети луѓето на нивниот официјален профил на Твитер во мај дека ако решат да го носат моделот N95, тогаш треба да обезбедат маска која нема преден вентил.

– Сè уште гледаме многу од овие маски наречени N95, но оние со вентили или отвори од предната страна НЕ се безбедни, и тие дополнително можат да го охрабрат ширењето на микробите – напишано е во твитот.

Во суштина, ако некое лице носи маска кива или кашла, заразните капки би можеле да поминат преку еднонасочен вентил, веројатно ставајќи некој друг во ризик од заразување со болест Ковид-19 или некој друг респираторен вирус.

Во придружниот пост објаснето е дека респираторните маски сè уште можат да бидат корисни ако се носат со хируршка маска или друга крпа што ги покрива.

Во меѓувреме, градските здравствени службеници посочија дека оние со ваков вид маска го покриваат вентилот со лента.

Слични содржини