Масовен руски напад со дронови врз Украина, има жртви, меѓу кои и деца

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Синоќа руските сили извршија масовен воздушен напад со беспилотни летала врз Украина и, според прелиминарните податоци, имало жртви, меѓу кои и деца, соопшти денес украинската Државна служба за вонредни состојби.

Според извештаите од спасувачките екипи, руските напади со беспилотни летала врз Киев предизвикале уништување и пожари во три населби: Оболонски, Свјатошински и Шевченковски, објави агенцијата Укринформ, наведувајќи дека вкупно 11 лица се повредени, меѓу кои и две деца.

Претходно, шефот на Службата за државна безбедност на Киев, Тимур Ткаченко, прецизираше дека две деца, на возраст од 14 и 17 години, се повредени во нападот врз киевската населба Оболонски.

Слични содржини