Матиќ: Од средината на месецот, Србите ќе можат да патуваат во Грција, а од 14. мај преку С.Македонија

Српските граѓани ќе можат под одредени услови да патуваат во Грција од 14. мај преку С.Македонија, а од средината на април и преку Бугарија, но со потврда за вакцинација или ПЦР тест, истакна денес српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ.

Матиќ, гостуваше на белградската кабелска ТВ К1, и во тамошното интервју изјави дека се работи на тоа, оние што патуваат на море, да можат преку туристичките агенции да аплицираат за вакцинација.

Српските граѓани ќе можат да патуваат и во Хрватска и Турција, а кога станува збор за таканаречениот вакцина туризам во Србија поради големиот број странци кои доаѓаат, Матиќ се надева дека овие лица дополнително ќе го мотивираат локалното население да се вакцинира.

Слични содржини