Маж од скопско пронајден мртов во шума

од Nikola Popovski

Шеесет и четиригодишен маж од селото Јаболце, во општината Сопиште бил најден мртов, информираат од МВР.

На 24.01.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во шума во близина на с.Јаболце, општина Сопиште, бил пронајден починат Т.А.(64) од с.Јаболце.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Слични содржини