Маж загина од удар на гром во светиниколско

од Берта Китинска

Гром удрил во маж од светиниколско додека ги напасувал овците, по што тој починал на лице место.

„На 05.07.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во с.Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото“ соопштуваат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Слични содржини