Дали партнерот не ви е еден од современите слики на Петар Пан? Се прашувате ли зошто вашата врска е во застој, а мажот до вас како да одбива да порасне? Па, веројатно си имате работа токму со “Петар Пан”.
Што претставува синдромот “Петар Пан”?
Во минатото на 30 години мажите имаа семејство, неколку деца, сопствен дом. Беа одговорни, сериозни, акциони и на нив можеше да се потпре. Современиот маж на 30 е огледало на Петар Пан – херој, кој одбива да порасне, кој целото свое време го посветил на авантури.
Така и современиот маж не гледа смисла да си го комплицира животот со жени, деца, одговорности, хипотекарни кредити и слично. Современиот маж сонува за патувања, празници, љубовни врски, ништо сериозно, само секс со дегустација на вино. Зошто да се врзува сериозно, кога има толку секси несериозни жени, подготвени да го засолнат во своите раце?
И така, одбивајќи да порасне, современиот Петар Пан се буди на 40-тиот роденден во домот на своите родители, јаде од омилените мекици со ајран на мама и си легнува повторно, за да си отпочине за големиот купон вечерта по повод неговиот јубилеј.
Мажите кои страдаат од синдромот на “Петар Пан”, дури и да имаат сериозна врска и вистински да ја сакаат жената до нив, се нешто не им достигнува да го направат следниот чекор. Ниту напред ниту назад. Во овие врски обично жените се иницијатор за оддржување на сместувања, купувањето на живеалиште, деца, свадби и слично. Но, дури и тогаш за мажите е многу тешко да донесат одлука . Слични теми ги тераат да претрпнат од вознемиреност и обично го тераат разговорот во друга насока. Не дека не ја сакаат жената до себе. Напротив! Но полесно им е, попријатно и доволно им е тоа да се среќаваат по кафиња, да одат на море и да се нишаат заедно во некоја импровизирана лежалка на позадината на зајдисонцето.
Мажите кои страдаат од синдромот на Петар Пан се детски љубопитни, постојано бараат нови “играчки” (материјални или сексуални). Во исто време пројавуваат типична детска срамежливост, неувереност и себичност.