Мажите наскоро ќе можат да дојат

од desk2
132 прегледи

За само пет години од сега, мажите ќе можат да дојат, благодарение на новиот револуционерен комплет хормони кои наскоро ќе се најдат на пазарот во облик на коктел од лекови.

 

Оваа грпа медикаменти ќе резултира со реактивација на млечните жлезди.

Се смета дека мажите ќе можат да го координираат земањето хормонски лекови со времето на бременост на својата партнерка, што ќе доведе до можност за доење непосредно по раѓањето на детето.

Иако ова изгледа како необичен концепт, научниците кои работат на овој проект сметаат дека ова ќе им овозможи на мажите да и помогнат на партнерката и да развијат меѓусебна емпатија.

Иако се уште не е тестирана оваа терапија, комплетот хормони за доење вклучува и мажите еднаш дневно да земаат прогестин откако ќе дознаат дека партнерката е трудна. Прогестинот е дериват на женскиот хормон прогестеор кој поттикнува работа на млечните жлезди.

Во текот на последните шест недели од бременоста, мажите воведуваат и хормон домперидон кој треба да се земе четири пати дневно. Овој хормон често се препорачува на жени кои немаат доволно млеко и познато е дека стимулира производство на пролактин кој директно влијае на стварање на млекото.

Но, заради самата анатомска структура на мажките брадавици во главно ќе биде потребно испумпување на млекото и детето ќе може да се храни на класичен начин.