Мажите со убави сопруги имаат посреќен брак

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Кој не би сакал убав партнер да ги му ги наполни очите секој пат кога ќе го погледне? Но, од друга страна, ниту една жена не би се чувствувала добро ако саканиот ја цени само по нејзиниот изглед. Сепак, тоа влијае барем на мажите, укажува нова студија.

Според него, задоволството на мажите во брак во голема мера зависи од изгледот на нивниот  партнер.

Психологот Андреа Мелцер од Универзитетот во Флорида направил студија од 450 парови во период од 4 години при што им биле поставувани прашања: Дали е бракот позадоволителен, ако партнерот во животот им е со добар изглед?

Резултатите од студијата беа објавени во Journal of Personality and Social Psychology и тие нудат интересни наоди. Имено: физички поатрактивна жена му носи повеќе брачна среќа на мажот.

Но, дамите не гледаат таква зависност. Жените не се толку заинтересирани за изгледот на партнерот. Што се однесува до “најубавите домаќинки” и нивната среќа во бракот, заклучокот е јасен – тие исто така се задоволни кога нивниот партнер се чувствува добро, бидејќи тоа се рефлектира врз односот на господата кон нив и кон нивниот брак како целина.

Друга слична студија, овој пат на институтот UCLA покажува дека мажите кои се сметаат за поатрактивни од сопругите, не ги поддржуваат доволно емоционално и приоѓаат кон нив со позната ароганција.