Мажите се подготвени на што ли не, за да ги импресионираат претставничките на спротивниот пол и тоа не е изненадување. Сепак сигурно не сте претпоставувале дека ризикуваат да се прејадат, само и само за да ја воодушеват својата дама.
Ново истражување на Универзитетот Корнвел открива дека претставниците на посилниот пол се хранат неколку пати повеќе, кога се на средба со жена, а кога консумираат пица, имаат тенденција да изедат за 93% повеќе од обично. Истражувањето е направено во американска пицерија, каде научниците утврдиле дека мажите кои се на средба со жена, јадат во просек по 3 парчиња повеќе отколку оние кои биле во друштво на претставници од својот пол.
Според истражувачите тоа е форма на агресивно однесување, со кое господата потсвесно сакаат да покажат дека се здрави и силни.
Дали сепак тркањето со пица е секси според дамите?
Машкиот сајт Men’s Health креираше анкета меѓу читателките на сајтот Women’s Health, поставувајќи им го ова прашање. Изненадувачки 56% од испитаниците (околу 1.500 жени) открија дека според нив е секси.
И сепак експертите за диети и исхрана им препорачуваат на господата да избегнуваат пицерија како место за средба со потенцијални партнерки, бидејќи прејадувањето е нездраво. Ако сепак сакате да јадете пица на својата средба, подобро земете таква на парче, за да може да го контролирате изеденото количество.