Мазнева го доведува во прашање понатамошното чистење на Град Скопје, бара помош од Владата

од Vladimir Zorba

ЈП Комунална хигиена-Скопје неодамна се приклучи и кон иницијативата на Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ за обраќање кон Владата, со цел да се изнајде решение за финансиска помош на јавните претпријатија.

В.Д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Мазнева посочува дека претпријатието се соочува со драстичен пад на наплатата на побарувањата како од домаќинствата така и од правните субјекти, што го доведуваат во прашање извршувањето на примарните активности на Претпријатието на терен.

„Воедно, цените на горивата што се употребуваат за нормално функционирање на возниот парк на ЈП Комунална хигиена-Скопје се зголемени за над 80 проценти во однос на минатата година, додека идентична е состојба и со цената на електричната енергија. Имајќи предвид дека активностите и дејствувањето на ЈП Комунална хигиена-Скопје се од витално значење за нормалното функционирање на градот Скопје и пред сè фактот дека нашето финансирање се одвива исклучиво преку наплатата на нашите услуги што поради новонастанатата ситуација е крајно отежната, ја поддржуваме иницијативата на АДКОМ за изнаоѓање институционално решение за излез од финансиската криза на јавните претпријатија во државата“, изјави Мазнева.

Слични содржини