Мбапе казнет со 180.000 евра бидејќи задоцнил на тимски состанок

од desk2
135 прегледи

Раководството на францускиот гигант ПСЖ покажа дека казната за непочитување на правилата на клубот е иста за сите, без разлика за кој играч станува збор.

Токму тоа ќе го почувствува една од најголемите ѕвезди на клубот – Килијан Мбапе, кој беше казнет од шефовите на „Парк де Пренс“.

Францускиот репрезентативец ќе мора да плати 180.000 евра за прекршување на клупските правила. Голгетерот задоцнил за состанок на тимот пред натпреварот меѓу ПСЖ и Марсеј на крајот на октомври минатата година.

Мбапе ја прифатил казната и потпишал документ според кој парите ќе бидат директно испратени во фондацијата на ПСЖ.