„Ме контактираше“: Дали Алекс Родригез ја изневери Џенифер Лопез?

од Stefanija Kuzmanovska

Реалити sвездата Медисон Лекрој, која странските медиуми ја наведуваат како главен виновник за раскинувањето на Џенифер Лопез и Алекс Родригез, се огласи и на пејачката и поранешниот спортист им посака се најдобро.

„Им посакувам се најдобро“, рече таа откако дозна дека раскинале, пишува Page Six.

Се шпекулираше дека Медисон е главната причина за раскинувањето на славната двојка затоа што таа и Алекс наводно имале афера.

„Ме контактираше, и да, разменивме пораки, но освен тоа, немаше ништо. Никогаш не сум говидела ниту допрела. Ние бевме само познаници. Никогаш физички не ја изневери својата вереница со мене“, објасни Медисон.

Слични содржини