„Медена земја“ ќе добие Оскар, прогнозира британски „Гардијан“

од Aleksandar Todeski
396 прегледи

Угледниот британски весник „Гардијан“ прогнозира дека Оскарот за најдобар документарен филм ќе го добие македонскиот „Медена земја“.

Според Питер Бредшоу, филмски критичар на „Гардијан“, во категоријата најдобар документерец македонскиот филм „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите, британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот  „Пештерата“,  бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.

За Интернационален филм, во кој исто така е номиниран документарецот „Медена земја“, Бредшоу предвидува дека Оскар ќе добие јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Во оваа категорија во трка за златната статуетка се и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.

Церемонија на 92-то доделување на Оскарите во „Долби“ театарот во Холивуд почнува утревечер во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот.

Слични содржини