МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ОД ЧИЛЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗАРАЗЕНИТЕ ОД КОРОНА: После работа шета по ходниците и им свири виолина на пациентите (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Иако во овие тешки времиња тие се најмногу изложени на вирус, медицинските работници сигурно имаат потреба од одреден издувен вентил за да се справат со стресот за време на пандемија.

26-годишна медицинска сестра од Чиле, Дамарис Силва го најде својот начин да се опушти и им свири виолина на колегите и пациентите по крајот на работното време.

Таа на овој инструмент свири некои од најубавите латиноамерикански песни, што барем за момент носи мир и спокојство на КОВИД-19 клиниката во Сантија.

Силва шета по салите со својата виолина и на тој начин ги поздравува пациентите кои и враќаат со аплауз и насмевка на лицето.

 

https://www.youtube.com/watch?v=vygxT_s3RlE&feature=emb_title

Слични содржини