Медиуми: Германците престанале да складираат тестенини, ориз и тоалетна хартија

од Nikola Popovski
350 прегледи

Во Германија веќе нема голема побарувачка за тоалетна хартија, тестенини, конзервирани домати, ориз. Во исто време, забележано е огромно зголемување на продажбата на кондоми, пишува Дојче Веле.

После Велигденските празници, запрело масовното купување на тоалетна хартија, при што продажбата опаднала за дури 65 проценти.

„Тестенините и оризот (минус 27%) исто така се барале помалку од просекот, а луѓето очигледно не знаат што да прават со огромните лименки сос од домати (минус 18%) што порано ги купуваа. Сè уште има тешкотии во снабдувањето, но статистичарите веруваат дека клиентите конечно се освестиле дека не треба масовно да купуваат“, пишува ДВ.

Како и обично, Германците за празниците складирале повеќе пиво и вино.

„Над просечната побарувачка продолжува да владее за средствата за дезинфекција и сапуните. Сепак, ни тоа веќе не се купува во големи количини штом се гледаат на полиците во продавниците, како што беше случајот во март. Сепак, продажбата на средства за дезинфекција е за 71 процент поголема од просечната месечна, а продажбата на сапун е за десет проценти поголема “, пренесува ДВ.

Во деновите од 12 до 22 април, како што објави ДВ, продажбата на кондоми се зголемила за дури 56 проценти, по што побарувачката се стабилизирала на 6 проценти над просекот.